Редовно миење на градските улици и тротоари

 

 

Комуналец, спроведе практика секојдневно да ги оддржува градските улици.

 

Цели населби се опфатени со Проeктот „Човек улица“. Освен што се врши дневно метење, комуналците, по зцртан план и програма ги мијат скоро сите фреквентни улици.

На барање на граѓани, а и по увид на  екипи од ЈКП„Комуналец“, се мијат и одржуваат и споредни улички, со цел,, граѓаните да имаат ист третман. Иако, во Законот за јавна Чистота се  вели дека Локалната самоуправа е должна да одржува Јавно прометни површини, што би рекле, само фреквентни улици, сепак, од Комуналец одржуваат и мали споредни улички и во најодалечените наслеби.

Прилеп и понатаму важи за еден од најчистите  градови во Македонија. За потребите за миење на улиците се користи исклучиво технолошка вода од сопствените бунари.