Беровци доби нов парк

 

 

На свечен начин, во присуство на месното население, јавни и општествени работници беше отворен паркот во Беровци.

 

На површина од 1400 м2 со сета потребна урбана опрема, паркот во употреба го пушти градночалникот Марјан Ристески.

Жителите, задоволни од изгледот и функционалноста на паркот, а градоначалникот Марјан Ристески ја истакна потребата од градење на вакви паркови и во руралните средини.

Директорот  на ЈКП„Комуналец“, Зчлатко Ристески вели дека продолжуваат со изградба на паркови и во населените места, со цел, жителите  и од овие средини да имаат ист третман.

Паркот е граден со средства од ЈКП,„Комуналец“ и Локалната самоуправа, а инвестицијата е 600 илјади денари.