Нова пратка на корпи за селкција за домаќинствата

 

 

По распоредените 10 илјади корпи за отпадоци, за 10 илјади семејства кои го селектираат отпадот, Комуналец ја реализира и втората пратка.

 

Со потпишување на договори од страна на граѓаните, комуналците ќе продолжат со распределба на корпите за селекција. Жолтата корпа, Комуналец, ја дава бесплатно на граѓаните и служи за селкција на сува постапка (пет, хартија , пластика, лименка, разноразна амбалажа на која го има знакот за рециклирање. Зелената корпа, е за одлагање на органски отпад (влажна постапка) и  граѓаните ја плаќаат на рати, со запирање по симболични 50 денари на сметката за ѓубретарина.

Прилеп е еден од ретките градови каде се врши примарна селекција со поставување на контејнери на Јавно прометните површини за селекција на Пет, хартија и органски отпад. Примарната селекција веќе е започната и кај граѓаните.

За брзо време, секое домаќинство ќе има по два сада за одлагање на отпад.