Нов парк со површина од 3400 м2 се гради во Беровци.

 

 

Покрај уредувањето во градов, Комуналец привршува со изгрдбата на парк во Беровци. Паркот  се реализира во соработка со Локалната самоуправа.

 

Паркот ќе опфати детско игралиште, упбана опрема, клупи и корпи за отпадоци, а  се поставени и 1500 м2 бехатон плочки. Паркот се гради сред село и ќе им користи најмногу на најмладата популација за забава, но и на повозрасните за одмор.

Директорот Златко Ристески  вели дека со овие проекти кои ги реализираат во населените места, сакаат да докажат дека Локалната самоупрва води грижа и за жителите од селата.

Градежните работи се завшени. Останува уште да се засејат зелените површини и да се уреди детското игралиште. Вакви паркови Комуналец досега има изградено во Мажучиште, Селце, Канатларци, Големо Коњари и Тополчани.

Во општинскиот план за 2013 години ќе биде предвидена изградба за паркови и во останатите  населени места кои гравитираат кон општина Прилеп.