Се гради третиот парк во Димо Нарденикот

 

 

ЈКП„Комуналец“, според годинешниот опештински оперативен план, го гради третиот парк во населбата Димо Наредникот.

 

Моментално се изведуваат градежните работи со ивичници и бехатон патеки. Паркот е по теркот на изградените два, со детски игралишта на 350 м2,  17 клупи ,10 корпи за отпадоци, 1300 м2  бехатон патеки и 2000 м2  зелени површини.

Со изградбата на третиот парк, комплетната населба Димо Наредникот ќе  добие нов лик.

Инаку, во Димо Наредникот,  изградени се околу 9 илјади м2 парковска површина со сите потребни реквизити, фонтани, водоскоци  и тревнати површини. За потребите на населбата изградено е и кошаркарско игралиште кое може да се користи и за сите други спортски активности.