Свечено отворен тротоарот на ул.„Партизанска“

 

 

ЈКП „Комуналец“ заврши со поставувањето на бехатон плочки на фреквентната  улица „Партизанска“ во населбата Тризла 1.

 

Со поставувањето на бехатон плочки и средувањето на тротоарите на оваа сообраќајница значително ќе се олесни движењето на пешаците и ќе овозможи подобар проток на сообраќајот.

Градоначалникот Марјан Ристески, истакна дека населбата Тризла по многу години има ист третман како и сите останати населби во градов.

Пратеникот во Собранието на Република Македонија, Димитар Стевананџија, се заблагодари на комуналното претпријатие и Локалната самоуправа за сите напори кои ги прават  за време на светска криза да им овозможат подобри услови за живеење на жителите од Тризла.

Златко Ристески- директор на ЈКП,„Комуналец“ најавува поставување на бехатон и на други улици во градов.