Петта прилепска со бехатон тротоари

 

 

1.405 м2 тротоарна површина се изведува на улицата „Петта прилепска“

 

Комуналците веќе привршуваат со редењето на бехатон од десната страна, по што веднаш ќе се уредува и левата. Со овој потег на Локалната самоуправа и ЈКП“Комуналец’ оваа улица може да се рече дека прераснува во Авенија.

Пред три години беше изграден жардењерскиот парк, со површина од 1000 м2 и  со сета потребна урбана опрема.

Градоначалникот Марјан Ристески вели дека Петта Прилепска и комплетната населба стануваат најрепрезентативни места за живеење.

Инаку, Петта прилепска, редовно се оддржува од Јавното комунално претпријатие, а летово за ридарци претставуваше вистинско уживање и разладување со бујното зеленило и тревнатите површини.