Ќе блесне нов парк во типската населба

 

 

По ископувањето на бунар за технолошка вода од страна на ЈКП „Комуналец“ со издашност од 5 литри во секунда и поставувањето на комплетната исталација за наводнување со пумпна станица, комуналците започнаа со изградба на парк во типската населба.

 

Вкупната урбанизирана површина е 4460 м2, од кои 530 м2 опфака црквата во озградба. Вкупната парковска површина е 3930 м2, каде се предвидени и 18 паркинг мета и 30 м2 тротоар. Останата површина ќе опфати зелени површини, богато хортикултурно уредување, детски игралишта, клупи корпи за отпадоци, ново осветлување и 32 м2 водена површина.

Градоначалникот Марјан Ристески, вели дека иако типската населба е една од поатрактивните во градов, досега не била изградена ваква парковска површина, која, во целост ќе ги задоволи потребите на жителите. Затоа ,ветува дека наредниов период комуналците со забрзано темпо ќе работат на проектот.

Идејното решение е на ЈКП„Комуналец“ а, ќе се гради во соработка со Локалната самоуправа. Комплетното уредување на просторот ќе биде кон крајот на зимата.