Се чисти проблематичната дабничка река

 

 

Обраснати треви, шамак и шипје, разноразни отпадоци кои ги истураат несовесните граѓани во Дабничка река, чистат деновиве комуналците.

 

Се чисти Дабничка река на потегот од рачвата со Оревоечка река до мостот кај касарните. Досега  комплетно е исчистен потегот до мостот кај типската населба.

За две недели ќе се исчисти  коритото и до мостот кај  касарните, а комуналците користејќи ја есента ќе продолжат со чистењето и во делот на реката во  населбата Тризла.

Градоначалникот Марјан Ристески вели дека со ваквиот потег на комуналците ќе се оспособи коритото за проток на истечни води пред престојните дождови.