22-риот бунар за технолоска вода го издупчија комуналците

 

 

Уште еден бунар издупчија комуналците во населбата под касарни за парковските површини кои  се предвидени да се градат во овој дел од градот

 

Бунарот е на длабочина од 68 метри квадратни и со издашност од 8 литри вода во секунда. Годинава комуналците за потребите на градот, но и за свои потреби, издупчија бунари и во кругот на депонијата Алинци за потребите на предвидената фабрика за селекција на отпад, до мостот кај касарните и во населбата Бончејца.

Во овие населби, во иднина, општината во соработка со Комуналец има во план да гради паркови за потребите на жителите. Практика на ЈКП„Комуналец“ е, пред да започне да гради паркови, да ископува бунари за технолошка вода и да спроведува комплетна водоводна мрежа, со цел, редовно полевање, но и заштеда на водата за пиење.

ЈКП„Комуналец“ изминативе 5 години вложи во ископување на 22 бунари за технолошка вода со просек на издашност од 170 литри вода во секунда.