Цела населба Вишне 1 со бехатон тротоари

 

 

Комуналциве деновиве привршуваат со изведувањето тротоарни површини во населбата „Вишне 1“

 

Моментално се завршува и една од најфрекветните улици„Марко Цепенков“. Останува да се доработи  уште мал дел  од тротоарот покрај градската река.Поплочени се сите краци  во населбата.

Со ваквиот потег на ЈКП„Комуналец“ и Локалната самоуправа и поплочувањето на цело Керме од населбата Вишне, се дава добар пример како во иднина треба да изгледаат сите населби во градов, вели градоначалникот Марјан Ристески.

Директорот на ЈКП „Комуналец“ додава  дека по овој пример ќе се работат сите населби и очекува стрпливост од граѓаните.

Зависно од финансиите, комуналните екипи и временските услови, комуналците наредниве години  ќе стигнат да поплочуваат и пред нивните порти.