Ридарци ќе газат по тротоари

 

 

Бехатон по Мирче Ацев, како и на Петта Прилепска

 

Со цел  на граѓаните да им обезбедат сигурност во движењето, но и да се добие урбан изглед на градот, ЈКП„Комуналец“ во соработка со Локалната самоуправа, и со екипи од Комуналец, работат на неколку улици во населбата Рид.

Бехатон се поставува по фреквентната Мирче Ацев и сите краци од истата улица, како и на Петта Прилепска.

Со поставувањето на бехатон на овој дел од градов со површина од 2.655 м2 и се урбанизира една од ридарските населби и се добива убав изглед на улиците вели градоначалникот Марјан Ристески.

Ваквиот воспоставен принцип за изведување на тротоарни површини во целост ќе ни ја олесни работата, но и ќе се јави заштеда во работата, зашто едно е да миете и метите бехатон, а друго, прашина и кал, додава Златко Ристески – директор на ЈКП„Комуналец“.