Комуналците интензивно работат на паркот во населбата Точила.

 

 

ЈКП Комуналец од почетокот на годинава работи со полна пареа околу изградбата на паркот во населбата Точила.

 

Започната е изградбата на еден од најголемите паркови во градот, во населбата Точила на површина од 30.000 м2 . Паркот се очекува да биде завршен до 11 Октромври, со што конечно местото околу зградите ќе го добие потребниот изглед, а децата покрај тоа што активно ги користат игралиштата за спорт, ќе имаат и ново место за дружење и забава.

Завршија градежните работи околу изградбата на парковите кои што беа предвидени во руралните средини. Нови паркови добија селата Канатларци, Алинци и Радобил во кругот на училиштата, а екипите на Комуналец моментно работат во селото Беровци , каде што ќе се гради парк на површина од 2000 м2.
Моментално се доработува паркот во населбата Димо Наредникот, а започната е и изградба на парк во населбата Вишне два кај типските куќи, каде ќе се поставува и подземна инсталација.

Од Комуналец велат дека тоа што нема да се заврши до крајот на оваа година, ќе биде ставено како приоритет за наредната.