Нов бунар во населбата Бончејца.

 

 

Во програмата за 2012 година ЈКП Комуналец има предвидено ископување на  4 нови бунари натериторијата на Општина Прилеп.

 

Со цел да секонтролира, а со тоа и повеќе да се заштеди прекумерно користење на водата, ЈКПКомуналец за потребите на претпријатието во програмата за работа оваа годинаимаше предвидено ископување на 4 бунари за користење на техничка вода. Првиотбунар кој веќе е завршен, се наоѓа околу зградите кај касарните.

Втор бунар предизвесно  време се копаше на територијатапомеѓу зградите во населбата Бончејца. На овиедве места во иднина е предвидена изградба на нови паркови. Моментно сеработи на ископување на третиот бунар кој се наоѓа на депонија, за потребите нафабриката за селекција на отпад. Четвртиот бунар ќе се ископува спремакасарните после мостот на десниот дел згради, каде и таму ќе се гради парк.

Користењето на техничката вода одбунарите ќе биде наменета за одржување на парковски површини како и запотребите на комуналното претпријатие.

Комплетната реализација на овојпроект ќе придонесе во иднина да се намали користењето на пивката водата одводоводната мрежа за наводнување на земјиштето и зелените површини, при што затаа намена ќе се користи водата од бунарите. Копањето бунари се најдобаралтернативен избор за заштеда на водата за пиење.