За време на одржувањето на Пивофестот комуналците имаа полни раце работа

 

 

Фестивалот на пивото и скарата и годинава заврши со воодушевување на присутните од комплетната организација на ЈКП Комуналец.

 

Со завршувањето на вечерните забави, уште од раните утрински часови комуналците во 4 часовни акции успваа да ги исчистат сите пешачки патеки низ централното градско подрачје. Дополнително ангажираните лица од Комуналец, успешно ја завршија својата работа, при што за четири дена собрано е околу 350 тони смет.

Деновиве ќе пристапат и кон перење на улиците, со што комплетно би се исчистило централно градско подрачје.

Со добрата организација на ЈКП Комуналец, манифестацијата заврши во беспрекорен ред и чистота.