Нови канти за селекција на отпад

 

 

Жителите од Урбаната заедница Тапани ќе започнат со користење на новите канти за селеција на отпад.

 

Преку 18.000 канти за органски и неоргански отпад, од ЈКП Комуналец ќе им бидат поделени на прилепчани, со што поголем дел од населението веќе започна со примена на новиот систем за селекција на отпад.

Со потпишувањето на договорите и во урбаната заедница Тапани, ЈКП Комуналец на граѓаните им ги подели новите канти за селектиран отпад. Зелената канта која што се добива бесплатно, е наменета за собирање пластика, најлон и хартија, а жолто сината за собирање влажен отпад. Неа граѓаните ќе можат да ја купат од Комуналец за 1200 денари или на 24 рати по 50 денари.

Со новите двосистемски канти за течен и сув отпад, значително ќе се подобри работата на ЈКП Комуналец, а на граѓаните ќе им се овозможи поголема хигиена и полесно отстранување на отпадот од нивните домови. Комуналниот отпад во иднина ќе се транспортира во новата Еко фабрика, каде градежните активности ќе треба да започнат од Септември.

Инаку, прилепски Комуналец е првата фирма во која за прв пат и во државата ќе се применува примарната селекција на отпад.