Се чисти коритото на градската река

 

 

Екипите на ЈКП Комуналец, во рамките на пролетното чистење на градот, деновиве пристапија и кон чистење на градското речно корито.

 

Проблематичните и обраснати делови со трски, трева и исфрлено ѓубре, кои претставуваат неубава слика, за краток период ќе бидат одстранети.

Со организирана акција од страна на комуналците, веќе започна да се коси тревата и да се собира сметот од речното корито на градската река. Интензивното чистење и одржувањето на речниот канал е со цел обезбедување здрава животна средина и еколошка заштита на околината.

Од Комуналец велат дека и во наредниот период оваа акција ќе продолжи со несмален интензитет.