Комуналците повторно во акција

 

 

ЈКП Комуналец последниве неколку години се повеќе обезбедува квалитетни услови за заштита и за унапредување на животната средина.

 

Чистењето на сметот на веќе постоечките депонии е една од редовните активности на претпријатијето. Но од страна на несовесни граѓани сеуште се фрла ѓубре на јавни места.

Со цел да се спречи загадувањето на околината, на излезот од Прилеп кон патот за Битола, комуналците со помош на возилата за подигање смет комплетно го исчистија и овој дел од градот.

Акцијата ќе продолжи да се спроведува и во наредниот период.