Чистење на ромските гробишта

 

 

Комуналците извршија темелно чистење на ромските гробишта

 

Покрај одржувањето на градската чистота, ЈКП Комуналец исто така врши одржување на комуналната хигиена и зеленило на ромските гробишта во населбата Тризла. Деновиве комуналците извршија чистење на сметот и рачно косење на тревата помеѓу гробните места.

Со покачувањето на температурите, акцијата за уредување на зелените површини во градот ќе продолжи и во наредниот период.