Уредување на парковските површини во населбата Димо Наредникот

 

 

Комуналците деновиве започнаа организирана активност за уредување на зелените површини во градот.

 

Како дел од програмата за работа на ЈКП Комуналец е и парковското уредување на просторот кај комплексот згради во населбата Димо Наредникот. Ќе се засадуваат нови тревни површини пред згрдите при што за брзо време оваа населба ќе добие нов изглед.

Со обновувањето на старите парковски површини како и изградбата на нови, ќе се создаде еден урбанизиран простор во кој ќе можат да уживаат сите возрасни категории..