Се кастрат дрворедите во градот

 

 

За поголема безбедност на граѓаните, акцијата за кастрење на дрворедите продолжува и овој месец.

 

За поголема безбедност на граѓаните, акцијата за кастрење на дрворедите продолжува и овој месец.
Секоја година во зависност од потребата, комуналците вршат организирано кастрење на дрворедите во градот.

Во акцијата се поткаструваат гранките над коловозните ленти на дрворедите кои се поставени на места каде што ја намалуваат прегледноста во сообраќајот и ја попречуваат вертикалната сигнализација.

Со нивното отстранување ќе се зголеми видливоста на коловозите, при што возачите ќе имаат поголема прегледност.