Пуштен во употреба прилепскиот царински терминал

 

Со завршувањето на градежните работи како и во согласност со упатствата дадени од Царинската управа на Македонија, царинскиот терминал во нашиот град официјално е пуштен во употреба

 

На свеченоста присуствуваше заменикот на претседателот на Владата на Р. Македонија и министер за финансии Зоран Ставрески, директорот на Царинската управа на Македонија, Ванчо Каргов, директорот на ЈКП Комуналец Златко Ристески, градоначалникот Марјан Ристески, пратеници, стопанственици и граѓани.


Реализацијата на овој проект ќе придонесе да се подобрат условите за стопанисување, со што на прилепските компании ќе им се овозможи со помалку трошоци, време и напор да ги царинат стоките.

За таа цел уреден е просторот за паркирање на товарни возила на површина од 5.000 метри квадратни, отворена е рампа за царински преглед, нови простории за шпедицијата и изградена е нова хала каде ќе се врши детален преглед на пристигнатата стока. За приспособување на модерниот објект, инвестирани се 24 милиони денари од ЈКП Комуналец и општинскиот буџет.

Царинскиот терминал во Прилеп е на површина од 4.000 метри квадратни, приспособен според најновите законски стандарди што ќе значи складирање и царинење во најсовремени услови.
Со оваа капитална инвестиција ќе се овозможи стопанствениците во регионов кои немаат сопствени услови за внатрешно царинење, побрзо и поефикасно да ги извршуваат извозно - увозните активности во функција на побрз регионален економски развој.