Нов парк во село Канатларци

 

Се градат паркови и во руралните средини.

 

ЈКП Комуналец, покрај редовното спроведување на активностите во градот, се грижи и за подобрување на културниот живот во руралните средини.

Во соработка со Локалната самоуправа, веќе започна изградбата на нов парк во селото Канатларци со површина од 2000 метри квадратни. Паркот опфаќа пешачки патеки, хортикуларно уредени површини, клупи за одмор и детски реквизити за забава на најмалите. Со новиот парк, на жителите ќе им се овозможи дружење и забава, како на најмладите така и на постарите.

ЈКП Комуналец и Локалната самоуправа и во иднина ќе продолжат да инвестираат во проекти кои придонесуваат поквалитетен живот за сите граѓани.