Се расчистува депонијата кај месноста Дабнички завој

 

Со градежна механизација се работи на отстранување на отпадот кај месноста Дабнички завој.

 

Вработените од ЈКП Комуналец со користење на потребната механизација, деновиве извршија чистење на сметот кај месноста Дабнички завој во населбата Тризла. За собирање и транспорт на ѓубрето, ангажирани беа повеќе возила.

Чистењето на депониите, одржувањето на јавните зелени површини, како и јавната чистота во градот, се само дел од активностите кои редовно се извршуваат во текот на годината.