Акција за уредување на дрворедите

 

Во рамките на пролетната акција, деновиве се кроеја и крошните од дрворедите покрај улиците.

ЈКП Комуналец секоја година спроведува акција за уредување на постојните дрвореди и грмушки на јавните површини низ градот.

Се кројат крошните од дрворедот на релација од Солидност до излезот за Плетварско Џаде, при што за извесен период овие дрвја ќе го добијат потребниот облик.  Целта на оваа акција е пролетна обнова на постоечката вегетација како и поголема заштита на граѓаните поради опасност од надвиснатите оштетени и суви гранки.

Како дел од пролетното уредување е и местење ивичњаци околу дрворедите на улицата кај црквата Св. Благовештение.

 Од Комуналец велат дека со оваа акција ќе продолжат и по другите сообраќајници

во градот, онаму каде што сметаат дека е потребно.