Се уредува паркот во населбата Тризла кај сушалната

 

Комуналците започнаа со обновување на парковските површини низ градот.

Покрај извршувањето на редовните обврски на терен, со подобрувањето на временските услови, екипите на ЈКП Комуналец започнаа и со уредување на парковските површини.

Се врши комплетна реконструкција на тревната површина во паркот кај сушалната во населбата Тризла. Во првата фаза од уредувањето, беше отстрането дотраеното зеленило, а на истото место повторно ќе се сее нова трева. Малото забавно катче и годинава ќе се користи за забава и рекреација на жителите од овој дел од градот.