Големо пролетно чистење на улиците.

 

Комуналците интензивно ги мијат улиците.

Со несмален интензитет продолжува работата за уредување и чистење на градот.

Согласно програмата за работа, екипите на ЈКП Комуналец во рамките на пролетната акција извршија повторно перење на улиците, при што беа опфатени главните сообраќајници во централното градско подрачје.