Рамнење на земјиштето кај старата зоoлошка градина

 

ЈКП Комуналец деновиве изврши чистење и рамнење на земјиштето во типската населба.

Во рамките на своите активности, ЈКП Комуналец деновиве изврши чистење и рамнење на земјиштето во типската населба кај зоолошката градина.

На израмнетото земјиште се планира во иднина да се постават околните скелина за тутун.

Истите кои веќе подолго време граѓаните ги поставуваа на улица, сега ќе бидат сместени на едно место.

Со оваа акција, во населбата ќе се овозможи поквалитетен начин на живеење.