Чистење на речното корито

 

Се чисти речното корито од градската река на потегот Оревоечка со Дабничка кон касарните.

    Во рамките на пролетната акција за чистење на градот од страна на ЈКП Комуналец, во тек е и расчистувањето на речното корито од градската река.

    Приоритет на ЈКП Комуналец е обезбедување чиста животна средина и поголема заштита на граѓаните.

    Овој пат пролетната акција продолжува со чистење и уредување на речното корито на потегот Оревоечка со Дабничка кон касарните. Деновиве комуналците се максимално ангажирани за отстранување на отпадот од градската река, со цел подобрување на еколошкиот амбиент.

    Чистењето, подигањето и транспортот на сметот се изведува со соодветна механизација. Ова е само дел од многубројните проекти на ЈКП Комуналец за уредување на градот.