Пролетната акција

 

Комуналците започнаа со пролетната акција за чистење на улиците.

    Поради обилните врнежи од снег и ниските температури во текот на претходините три месеци, беа фрлени повеќе количини сол и ризла, па затоа  екипите на ЈКП Комуналец, најпрво ќе го чистат песокот а потоа ќе пристапат и кон миење на улиците низ градот.

    Со користење на потребната механизација за комплетно отстранување на остатоците од песок, поради големите количини, оваа акција ќе трае една до две недели, па затоа се замолуваат граѓаните да бидат трпелливи. Одржувањето на хигиената е од значителна важност, како за градот така и за околината.