Ангажираност на комуналците за престојниот празник

 

Максимална ангажираност на комуналците за престојниот празник Прочка.

Kомуналците започнаа со акција за чистење на снегот и мразот од центаралното градско подрачје и улиците кон поважните институции во градов. И овој пат, екипите на ЈКП Комуналец пристапија кон расчистување на тротоарите и пешачките патеки, со цел да им се овозможи непречено движење на граѓаните. Брзото реагирање е поради добрите временски услови како и наближувањето на престојниот празник Прочка.

Покрај рачното чистење, употребена е и соодветна механизација за комплетно одстранување на мразот.

За овој празник,  како и секоја година, се очекува да има масовна посетеност, со што хигиената на градот е од голема важност за одржувањето на вакви настани.