Расчистување на снегот

 

Од минатата недела, екипата на ЈКП Комуналец пристапи кон расчистување на снегот.

Обилните снежни врнежи што го зафатија градот пред една недела, не беа пречка за комуналците успешно да се справат со замрзнатите површини на тротоарите и улиците.

Со оглед на ниските температури и отежнатата состојба настаната од временските неприлики, тие успеаа да го расчистат мразот од пешачките патеки со што е овозможено слободно и безбедно движење на граѓаните.

ЈКП Комуналец и во иднина ќе продолжи да работи на одржување на патиштата во градот.