Капелата во завршна фаза

 

На Новите градски гробишта се работи на внатрешната малтарија на Капелата која е на површина од 1400м2 и ке биде една од најопремените и најпространите во Македонија.

Завршени се работите со одвод и довод, поставена електричната енергија, се поставува ПВЦ дограмата, а во завршна фаза е внатрешната малтарија. По ова веднаш ќе се пристапи кон уредување на внатрешноста на капелата и изведба на паркинг со парковски површини.