Се уредуваат тротоарите, а се уредува и делот кај Стара техника

 

Во делот на уредување со кружните жардењери, од Комуналец, велат дека досега се поставени над 700 окружувања..

Завршен е потегот од автобусаката станица до Могилата, а моменталносе работи на потегот од Солидност до Табаана. Со ваквата изведба од страна на комуналците се создаваат услови за непречено паркирање на возилата и безбедно движење на пешаците, зашто, при изведбата се вадат застарените корења и се израмнува тротоарската површина.

Воедно, се урбанизира и просторот околу зградата кај Стара техника каде исто се работи на поставување на бехатон тротоари со можност за паркинзи и изведба на помала парковска површина на која ќе биде поставена урбана опрема. Од Комуналец и Локалната самоуправа најавуваат дека и понатаму ќе ги продолжат активностите за уредување на запуштени парцели, со цел, градов да го држи и понатаму приматот на најчист и најуреден град.