Се работи на вториот парк во Димо Наредникот

 

Интензивно се работи во населбата Димо Наредникот каде веќе е завршен еден дел од новата парковска површина пред зградите, која се изведува на површина од 5500 метри квадратни.

За потребите на населбата се работи на паркинг просторот, изведени се пешачки бехатон патеки, а дел од парцелата веќе се засејува со трева. Извршено е одведување на водите и поставена мрежа за технолошка вода, која стана практика пред да се гради парк да се изведува наводнувањето, со цел, парковите да бидат употребливи за век и веков.

Комплетниот изглед на паркот ќе биде налик на веќе изградениот од спротивната страна, со детски игралишта, починувалишта со клупи за одмор, и хортикултурно уредување.

Се предвидува оваа парцела комплетно да биде завршена летово и населбата Димо Наредникот да го добие заслуженото внимание на населба од централното градско подрачје.