Се уредува вториот дел од Димо Наредникот

 

Започнаа работите за изведба на вториот парк во населбата Димо Наредникот.

Паркот ќе биде партерно уреден на 5.500 м2 од кои со бехатон патеки и паркинзи ќе бидат изработени  1500м2. Паркот ќе биде по теркот на веќе изградениот во оваа населба и ќе опфати повеќе забавни и рекреативни содржини.

Со овој потег комплетно ќе биде уредена населбата Димо Наредникот.Паркот ќе биде комплетно завршен до крајот на летото.