Паркот Липа отворен за граѓаните

 

На свечен начин во присуство на јавни личности и граѓани, градоначалникот Марјан Ристески го пушти во употреба паркот наспроти Липа.

Овој парк е граден на урбанизирана површина од 4000 метри квадратни со бехатон патеки од 950 метри квадратни, дески игралишта за најмладите, 20 сет  клупи за одмор и забава, корпи за отпадоци, контејнери за селекција на отпад, тревнати површони и хортикултура.

Паркот е комплетно поврзан со инсталациона водоводна мрежа на постоечкиот бунар за технолошка вода со што ќе може во целост да се наводнува.

Градоначалникот Марјан Ристески пред граѓаните истакна дека и понатаму продолжува заложбата за уреден и чист град при што посебно ја потенцира соработката на Локалната самоуправа  со ЈКП„Комуналец“ кој е изведувач на овој парк, а работен е по идејно решение на ЈП за ПУП.

ЈКП„Комуналец“ во овој парк од сопствени средства вложи 1.500.000,оо ден.