Се уредува улицата накај касарни

 

По завршувањето на булеварот „Гоце Делчев„, и улицата „Димо Наредникот“, каде беа изведени 350 кружни жардењери, комуналците продолжија со работа од Карпалак накај касарните.

На овој потег предвидено е да се постават над 100 тина окружувања околу дрвјата, со цел да се заштитат дрворедите и да се обезбеди безбедно движење. Воедно со ваквата работа од комуналците се добива и естетски изглед на улиците.