Тризла - пазарче

Нов парк во населбата Тризла кај пазарчето.

    Со посебна креативност  искажана на монтажните огради во разновидни бои и со бујна детска фантазија, учениците  од ОУ„Добре Јованоски“ ја започнаа свеченоста по повод отворањето на новиот парк во населбата Тризла кај пазарчето. Со различни рекреативни и забавни содржини овој парк го градеше Јавното Комунално претпријатие „Комуналец“ во соработка со Локалната самоуправа. На стотина метри отука Комуналец изгради уште еден парк, уредувајќи го со содржини за најмлдите, но и за одмор и починка на повозрасните.

    Градоначалнико Марјан  Ристески на свеченоста  по повод отворањето на двата парка истакна дека вакви маалски паркови се изградени скоро во сите урбани заедници.


    Директорот на ЈКП„Комуналец“ Златко Ристески - вели дека маалските  паркови ги почнале пред 2 години  како пилот Проект, а се покажале како доста функционални, со што продолжуваат со изградба и в година.                

    Председавачатот на советот Димитар Стевананџија истакна дека Комуналец во целост го исполнила годинешниот оперативен план.
                                           
    Најмладите од Тризла задоволни  што конечно Локалната самоуправа спроведува вакви проекти и кај нив.
                                                  
    Паркот кај пазрчето е од затворен карактер и е наменет исклучиво за најмладите. Од Комуналец велат заради зачувување на истиот, паркот ќе се отвора во 7 часот наутро, а ќе се затвора во 20 часот.