Паркот наспроти Липа завршен

 

Уште една парковска површина по идејно решение на ЈП за ПУП и Локалната самоуправа го изгради и уреди ЈКП„Комуналец“.

Паркот опфаќа повеќе забавно рекреативни содржини: клупи за одмор и релаксација, детски игралишта за најмалдите, бехатон патеки, починувалишта за станарите, тревнати површини и хортикултура. Овој парк кој е во близина на Основниот суд во многу ќе допринесе за растеретување на паркот кај судот кој во летниот период заради неговата атрактивност е преоптеретен од посетители.