Повторно се работи во населбата Димо Наредникот

 

Се доуредува населбата Димо Наредникот од страна на Јавното Комунално претпријатие Комуналец и Локалната самоуправа.

Единицата од Нови гробишта во соработка со Македонски шуми и Локалната самоуправа ги засадуваа главните влезни патеки и заобиколниот пат околу гробиштата.
Во тек е изведба на вградени еколошки острови за селекција на отпад на улицата Димо Наредникот. Воедно, се работи и на поставување на кружни жардењери по дрворедите од двете страни, со што, оваа улица ке добие естеткси изглед, а воедно ќе се добие посигурно движење за пешаците, но и побезбедно паркирање на возилата од околните згради.

Покрај големиот парк од 5000 метри квадратни кој беше изграден минатата година а, кој опфака повеке забавни и рекреативни содржини, комуналците изградија и неколку помали парковски површини од  салонот за мебел Симпо  па се до паркот кај судот. Опфатени се станбените згради од надворешните и внатрешните дворни површини каде за потребите на станарите се  поставени  клупи за одмор , детски реквизити за најмладите и изведени влезни бехатон патеки со околни  тревнати површини.