Комуналците засадуваа за Денот на дрвото

 

Денот на дрвото го искористија денеска и комуналците за засадување на дрвја.

Единицата од Нови гробишта во соработка со Македонски шуми и Локалната самоуправа ги засадуваа главните влезни патеки и заобиколниот пат околу гробиштата.

Со засадувањето на  садници по обиколниот пат, комуналците сакаат да направат зелен појас околу гробиштата. За таа цел, од денеска, па во текот на наредниве денови  работници од единицата на Новите гробишта ќе засадуваат разноразни листопадни и зимзелени дрвја.

Освен обиколниот пат, се засадуваа и двете главни влезни патеки во гробиштата. Денот на дрвото беше повод и за останатите единици од комуналец за засадување на дрвја и на други локации во градов. Освен на гробиштата комуналците обновуваа садници и во паркот на Могилата на Непобедените.