Уште една убавина во градов, паркот наспроти хотел Липа

 

Завршуваат работите на паркот наспроти хотел Липа.

Изведени се бехатон патеки за потребите на граѓаните од зградите, направени се и неколку острови за одмор со парковски клупи. За најмладите поставени се и детски игралишта.Овој простор, иако во централното градско подрачје беше запоставен со години. Со ова се прави една урбана целина и поврзување на паркот кај судот со плоштадот Александрија и патеката на славните. Паркот го гради ЈКП„Комуналец“ по идејно решение на ЈП за ПУП.