Асфалтирано плато за селкција на отпад во механичка работилница

 

Со површина од 2000 м2, Комуналец асфалтираше дел од плацот во механичка работилница со цел да се создадат предуслови за проширување на селкцијата на отпад.

Ова се прави со цел помала количина отпад да се транспортира до депонијата Алинци. Ќе се градат и боксови и претоварна рампа, каде почистиот отпад ќе биде примарно селектиран. Со ова се планира да се прошири дејноста и да се добијат нови работни места во единицата „Селекција на отпад“ каде вработените самите си ја обезбедуваат платата и не се на товар на ЈКП„Комуналец“.