Одбележан Денот на пролетта

 

На барањето за одбележување на Денот на пролетта  на Комисијата за екологија при ВМРО ДПМНЕ,  им излегоа во пресрет од Јавното комунално претпријатие  „Комуналец“.

Обезбедени беа зимзелени растенија и Јука кои членовите од комисијата за екологија, заедно со вработените од Комуналец ги засадија на кружниот тек, со што овој простор  се облагороди. Со оваа симболична акција од комисијата за екологија сакаат да испратат порака дека секој граѓанин може да допринесе за поубава и почиста средина.

Од Комуналец велат дека ги поддржуваат сите акции кои придонесуваат за поубав и поуреден град. Напоменуваат, дека се отворени за соработка со сите политички партии, граѓански здруженија, институции и бизнис секторот за било каква иницијатива и идеја која ќе допринесе градов да има што повеќе зеленило.