Сточен пазар

По Жабино мало и жителите од населбата Сточен Пазар добија парк.

         Паркот е изграден на површина од 1200 м2 и опфаќа пешачка тротоарска патека со цел граѓаните да имаат каде да се движат, а со тоа да се овозможи и нивна безбедност. Напревени се бехатон патеки  повеке детски реквизити за забава на најмладите, клупи за одмор и хортикултурно уредување.

Граѓаните велат дека се задоволни од она што изминативе 4 години го прави Локалната самоуправа за нивната населба, која била запоставувана со години.

Градоначалникот Марјан Ристески на свеченоста по повод пуштањето на паркот во употреба истакна дека овој парк ќе им служи и на учениците кои го чекаат школскиот превоз токму на ова место, а кое пред три години со одлука на Советот на општина Прилеп за овие дечиња им  беше обезбеден бесплатен превоз.

Златко Ристески директор на Комуналец потенцираше дека неговите заложби и понатаму ке биле сите населби во градов да имаат ист третмат од Локалните власти.

Покрај ова, овој парк во иднина ке треба да добие и посебно осветлување.