Се чистат диви депонии во населбата Тризла

 

Расфрлано губре, неподнослива реа, отпад од текстил, најлон и плсатика, како и арско губре, чистеа викендов комуналците на дел од населбата Тризла..

По рекацијата од тамошните жители кои живеат на улиците „Стибера“, „Дравска“ и „Мавровска“, но и по написите во дневните весници дека Комуналец не ја чисти ромската населба, комуналците излегоа на терен да ја согледаат сосотојбата и да констатираат за каков проупуст се работи.

    Имено, на овие улици, комуналците редовно го подигаат отпадот и истите се влезени во линиското неделно одржување од куќен смет. Според изјавите од Комуналец, се работи за проблем каде жителите од овие улици од пред извесно време ги спречуваат и не им дозволуваат на единицата „Подигачи на смет“ да го собираат губрето, со образложение, дека комуналното возило може да ја оштети водоводната цевка. Иако, од страна на комуналците им е сугерирано дека се внимава на посочениот проблем со водоводната цевка, и возилото непречено ја врви релацијата,  сепак, одредени граѓани сметот не го собираат во садови, туку го исфрлаат на разноразни места, сметајќи со тоа дека можат да ја одбегнат сметката за куќно одржување од смет. Од снимката во одереди дворови која ја направи екипата, се гледа дека некои граѓани наместо ѓубрето да го достават на комуналците, тие си ги загадуваат сопствените дворови, а потоа го исфрлаат каде ќе стигнат.

Од Комуналец, информираат дека нивна практика е да пратат дополнителни возила и екипи, на било која локација во градов, само да не им се случува ваква глетка, а со ова им се создава и дополнителна работа, која е на штета на сите граѓани. Воедно, од Комуналец апелираат до жителите од посочените улици да го доставуваат ѓубрето на екипите, зашто Комуналец е должен да собира смет уредно собран во садови. По однос на чистењето во населбата, комуналците  чистат 10 најфреквентни улици, кои никогаш пред години не биле третирани, и појаснуваат дека давачката од 30 денари е за Јавно прометни површини, што би рекле, за улици каде поминуваат сите граѓани, а не според тумачењето на мал број жители од посочените улици, дека треба да се чистат сокачиња и ливади, па дури во случајов и дворови.

    Комуналец, е должен да се грижи за чистотата во градов, а на граѓаните останува дали ќе ги плаќаат сметките или не, велат од таму. И додаваат, да не се најдуваат разноразни причини, и да се сервираат приказни кои му штетат на угледот на комуналното претпријатие, кое пак, на сметка на своите вработени, прави секогаш дополнителни трошоци, со цел граѓаните да бидат задоволни од услугата која ја врши Комуналец.