Завршено естетското окружување на дрворедите на Булеварот „Гоце Делчев“

 

И во зимски услови Комуналеците работеа на естетско окружување на дрворедите низ градов со бетонски ивичници.

Со оглед на староста на дрвјата пуштените корени  гo подигнувнуваа  асфалниот дел и претставуваа вистинска опасност за пешаците. Затоа Комуналец пристапи кон сечење на корените и рамнење на теренот.

Деновиве заврши естеткото жардењерко окружување на Булеварот „Гоце Делчев“ каде се поставени 300 окружувања. Работите Комуналците ќе ги продолжат на потегот од хотел Липа до железничката станица.

Минатата година во дрворедно жардењерско окружување е инвестирано 680 илјади денари.