Табaана со паркинзи и паркови

 

Со завршувањето на изградбата на паркинзите и пешачките патеки пред и зад комплексот во населбата Табаана, комуналците ги завршија сите работи на овој простор.

Имено, таму е изграден детски парк за потребите на училиштето „Кире Гаврилоски-Јане“  и на жителите. Изведени се и тротоари на овој простор и направени паркинг места. Со овие зафати, овој дел од градот, кој, иако беше во централното градско подрачје доби комплетно нов лик.