Започна генералка на градот

 

Со засилени екипи, комуналците започнаа генералка на градот со цел ако послужи времето градот да биде комплетно исчистен и измиен од нафрланата ризла.

Сувото време и прашината им создаваат поголеми проблеми како на возачите така и на пешаците. Затоа, Комуналците покрај темелното метење на ризлата започнаа и со миење на сите поголеми сообраќајници.

Од Комуналец велат дека ке се мие секојдневно од 9 часот наутро, и апелираат до граѓаните и до возачите да внимаваат, за да не дојде до несакани последици. Со оглед на некои граѓани кои бараат перењето да се изведува во вечерните часови, од Комуналец појаснуваат дека ниските температури не им овозможуваат перење во ноќните часови. Со утврден план и динамика миењето на улиците е започнато од Могилата и ќе продолжи по Александар Македонски.   
Темелно се чисти и централното градско подрачје. Комплетно е измиен плоштадот Александрија и тротоарите, Патеката на славните, плоштадот „Методија Андонов - Ченто“ и Старата чаршија. Покрај ова согласно годинешниот оперативен план редовно се одржуваат населбите Точила, Бончејца, Вишне, Таабана, делови од ридарските наслеби и Варош.